На 08.03.2023 се реализираше втора работилница по Фотографија во ООУ “Браќа Рамиз-Хамид” во Шуто Оризари.
Работилниците по фотографија презвикаа голем интерес, поттик и љубопитност за фотографијата и фотографирањето како идна професија кај учениците од VIII и IX одделение.
Во договор со директорот на Македонски Каритас о. Зоран И. Стојанов и директорот на ООУ “Браќа Рамиз-Хамид” г. Алвин Салимовски, како и со поддршка од стручната служба, како и тимот за кариерно советување на учениците, планирано е понатамошно продлабочување на соработката, односно организирање на програма за воведен курс по фотографија за ученици од IX одделение. Курсот ќе биде организиран од страна на Македонски Каритас со цел најдобар интерес на учениците и нивните потреби.
Активностите се во рамките на проектот ГРИЖИ СЕ поддржан од Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија и Каритас Австрија.