Blog

ЈАВЕН ПОВИК за избор на тренер за спроведување на обуки за меки вештини за млади

Македонски Каритас за потребите на проектот Your Job II – објавува

ЈАВЕН ПОВИК

За избор на тренер за спроведување на обуки за меки вештини за млади

 1. ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТ НА АНГАЖМАНОТ

Како би се олеснил процесот на вработување и би се подигнале компетенциите за вработување на младите, планирано е организирање на 12 обуки за меки вештини.

2. ИНФОРМАЦИИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Број на неформални еднодневни обуки Вкупно дванаесет (12) неформални обуки.
Вид на обука Обуките се наменети за невработени млади од 15 до 35 години, како би се зголемила нивната вработливост на пазарот на трудот.
Број на извршители Минимално еден (1), а најмногу два (2) извршители за секоја наведена обука. Еден извршител може да аплицира за спроведување на повеќе обуки.  
Вид на договор За физички лица: Договор за дело, врз основа на законските одредби.

За правни лица: Договор за деловна соработка.

Краток опис на задачите Подготовка на методологија на темел на изработен курикулум, корекција на курикулум по потреба, подготовка на презентација, вежби и останати материјали; спроведување на тренинг според договорен распоред, пишување на извештај за работата, дистрибуција на материјалот.
  Во понудата треба да влегуваат сите трошкови на подготовка и спроведување на обуката, вклучувајќи и евентуален превоз и сместување, како и изработка на извештај за спроведената обука.
Општи услови Кандидатите треба да имаат релевантно знаење и искуство во спроведување на слични обуки. Предност ќе имаат кандидати со претходни искуства во работа со млади.
  1. НАЧИН НА ПРИЈАВА

Сите заинтересирани своите пријави треба да ги испратат на следната емаил адреса: [email protected]  Апликацијата треба да содржи:

  • Образец за пријава (ПРЕВЗЕМИ)
  • CV на кандидатот во кое се јасно назначени искуството, референци во извршувањето на слични работи и знаење за бараната тематика. Правни лица исто така треба да достават CV од лицето кое ќе работи на реализација на обуката.
  • План за спроведување за една наставна единица од курикулум, по избор (максимално две страници).
  1. КОНТАКТ

За сите дополнителни информации можете да го контактирате следното лице:
Спасе Спасов, Координатор на проект
Емаил: [email protected]
Тел: + 389 70 216 069

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.