Blog

Mлади од Италија го посетија Едукативниот Центар на Македонски Каритас во Шуто Оризари 22 Авг

Mлади од Италија го посетија Едукативниот Центар на Македонски Каритас во Шуто Оризари

Во петок, 19.08.2022 година, Едукативниот Центар на Македонски Каритас во Шуто Оризари го посетија група млади од Италија од орагинизацијата „Rete Progetto Pace“. Истите имаат балканска тура со цел интеркултурна размена, споделување на искуства и хуманитарна помош. Групата млади ги пречека директорот на Македонски Каритас, дон Паво Шекерија, заедно со тимот, кои ги запознаа со работата и активностите на Македонски Каритас, со посебен фокус на Едукативниот Центар во Шуто Оризари. Во знак на благодарност гостите донираа школски прибор за децата и облека. Средбата беше почеток на понатамошна меѓусебна соработка во иднина.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.