Македонски Каритас на 24.04.2023 година одржа обука на своите вработени и волонтери под наслов Пристап и комуникација со ранливи категории. Работилницата ја предводеа Николина Николовска и Александар Митаноски, социјални работници со долгогодишно искуство во областа на социјалната заштита.
Учеснците беа срдечно пречекани од о. Тони, парох на Црквата „Свето Благовештение“ во Штип. Обуката се состоеше од предавања, конкретни вежби и решавање на конкретни ситуации со ранливите категории на корисници со кои се среќава персоналот и волонтеринте на Македонски Каритас. Беа претставени и протоколите за заштита на корисници кои постојат и се применуваат во рамките на Каритас.