Во просториите на едукативниот центар на Македонски Каритас во Шуто Оризари, се реализираше работилница со тинејџери и млади од локалната заедница како и ученици од основното училиште АС Макаренко – Скопје. Темата која се обработуваше беше вокациски вештини и кариерно советување на младите кои го продолжуваат нивното образование во средно училиште. Работилницата беше од информативен и едукативен карактер на која младите имаа можност заедно да дискутираат и размислуваат за нивната професионална ориентација, потребни работни вештини, пракса и оспособување за активација на пазарот на трудот. Работилницата ја реализираа наставници од ОУ АС Макаренко – Скопје.
Активностите се во рамките на проектот ГРИЖИ СЕ поддржан од Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија.