Blog

Pаботна средба со претставници од Јавната установа Завод за социјални дејности – Скопје 22 Јул

Pаботна средба со претставници од Јавната установа Завод за социјални дејности – Скопје

На 20.07.2022 година директорот на Македонски Каритас дон Паво Шекерија и координаторот Спасе Спасов, реализираа работна средба со претставници од Јавната установа Завод за социјални дејности – Скопје, која работи во областа на унапредување и надзор на социјалната дејност во Македонија. Во една срдечна атмосфера, претставниците од ЈУ ЗСД – Скопје беа детално запознаени со тековните проектни активности и програми кои ги реализира Македонски Каритас, кои се директно насочени и фокусирани кон најранливите категории, помош и поддршка на лицата кои се во висок социјален ризик од сиромаштија и социјална исклученост. Претставниците на ЈУ ЗСД – Скопје искажаа особен интерес и внимание за се она што Македонски Каритас го работи. Исто така беше изразена и една обострана силна заинтересираност за идна соработка, во контекст на најдобриот интерес на крајните корисници, односно луѓето во потреба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.