ПОДГОТВЕНИ И УСПЕШНИ ВО ГЕРМАНИЈА – МИГРАЦИСКО СОВЕТУВАЊЕ ПРЕД ПРЕСЕЛУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА
Проектот „Подготвени и успешни во Германија – Миграциско советување пред преселување“ – ги советува и поддржува луѓето за време на миграцискиот процес и подготовката за живот во Германија. Поддршката започнува во земјата на потекло и е наменета за граѓаните од т.н. трети земји. Проектот го поддржува и унапредува идниот процес на интеграција во Германија.
Нашeто делување е:
Независно – Социјално-правно советување и зајакнување –
Компетентно– Високи стандарди во работата и соработка со експерти од релевантни области во Германија
Доверливо – Ние се придржуваме до принципите на доверливост и основата на Законот за заштита на лични податоци.
заштита на лични податоци.
Бесплатно – Сите услуги во рамките на проектот се бесплатни.
Какви видови поддршка се нудат во рамките на проектот?
- Советување за перспективи
- Информирање за ризиците од миграцијата
- Поддршка во постапката за виза
- Помош при изучување на јазикот
- Советување и информации за следниве теми:
- Барање работа
- Двоен систем на образование и обука
- Признавање на професионални квалификации
- Живеење и барање стан
- Детски градинки / училишен систем
- Социјално осигурување
- Здравствен систем
Советодавни и помошни системи во Германија
- Поддршка во сите други прашања поврзани со преселувањето во Германија
- Поврзување со релевантни институции во Германија (MBE – Миграционо советување за возрасни мигранти, JMD Советодавни миграциони служби за млади и други советодавни служби)
Кој може да добие совет и поддршка?
- Луѓе кои можат да добијат право за постојан престој
- Посебно лица во процес на спојување на семејството како и (иден) професионален кадар
Важно е да се биде добро информиран за сите аспекти на животот во Германија. На тој начин можете правилно да се подготвите и успешно да се интегрирате во Германија.
Проектот „Подготвени и успешени во Германија – Советување за миграција пред преселување“ – покрај во Македонија, се спроведува и во следните земји:
- Ерменија
- Албаннија
- Етиопија
- Грузија
- Косово
- Мароко
- Нигерија
- Босна и Херцеговина (исто така и за лица од Црна Гора)
- Русија (советување од Германија)
- Србија
- Турција
- Украина
Проектот AMIF е кофинансиран од Европскиот фонд за азил, миграција и интеграција, Сојузна Република Германија, Баден-Виртемберг и Дијаконија
Подршка и активности во проектот:
- Индивидуално советување онлајн и лично
- Информативни случувања
- Семинари

