Blog

Директорот на Македонски Каритас во КОВЗРГ 19 Апр

Директорот на Македонски Каритас во КОВЗРГ

Директорот на Македонски Каритас отец Зоран И. Стојанов на 18 април 2024 година, беше примен од м-р Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Средбата која се оствари на барање на директорот на Македонски Каритас помина во пријателска атмосфера. Беше искажано обострано задоволство за досегашната добра соработка со надеж и желби во иднина да се продлабочува. Отец Зоран искажа благодарност до господинот Сотировски за неговата постојаност за еднакво третирање на сите верски заедници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.