Цели и резултат на ангажманот
Завршната евалуација ќе биде доверена на надворешен евалуатор со специфично стручно знаење, кој ќе изработи специфичен и опсежен Завршен евалуаторски извештај.
Евалуаторот треба да ги анализира и оцени проектните активности, резултати и применетата методологија во однос на: релевантност, ефикасност, ефективност и одржливост. Деталната методологија за евалуација ја одредува евалуаторот и може да ги вклучува следните елементи: канцелариско истражување (проектна документација, извештаи, анкети, публикации, правни документи итн.), интервјуа со персоналот на проектот, целни групи и крајни корисници, теренски посети итн.
Информации за апликантите
| Краток опис на работата | Извршителот ќе го евалуира проектот користејќи ги следните критериуми: релевантност, ефикасност, ефективност и одржливост со фокус на влијанието на проектот.
Финалниот извештај за евалуација треба да биде доставен на англиски јазик. |
| Локација и траење: | Гевгелија – испраќање на финален извештај до 10.09.2026 година |
| Број на евалуатори: | Еден |
| Вид на договор: | За физички лица: Договор на дело
За правни лица: Договор за соработка и фактура за извршена услуга. |
Начин за пријавување
Сите заинтересирани кандидати можат своите апликации да ги испратат на следната електронска пошта: [email protected] најкасно до 8 јуни 2026 година.
Апликацијата треба да содржи:
- Образец за пријава
- CV каде што јасно се назначени искуството, референците на кандидатот за извршување на слични ангажмани.
- Краток опис на методологијата на евалуацијата
- Износ на понудата наведен во евра со вклучен ДДВ
Сите заинтересирани кандидати кои сакаат да аплицираат, можат да го преземат TOR (MKD) со Образец за пријава од веб страната на Македонски Каритас (www.caritas.mk). Апликациите кои ќе пристигнат после истекот на рокот и непотполни апликации нема да се земат во предвид.
Контакт
За сите дополнителни информации можете да го контактирате следното лице:
Спасе Спасов, проектен координатор
Емаил: [email protected]
Телефон: +389 70 216 069
