Blog

Одржана работилница за меки вештини 16 Мај

Одржана работилница за меки вештини

На 15 мај 2024 година, во просториите на Кариерното советувалиште YourJob на Македонски Каритас во Струмица, се одржа работилница за меки вештини, на која учествуваа млади од 15 до 35 години. Првата работилница, од вкупно три ја водеше Александар Митаноски, сертифициран предавач на тема „Комуникациски вештини, тимска работа и лидерство.“

Преку предавање, дискусија и работа во групи младите имаа можност да се запознаат за тоа како треба професионално да се однесуваат во работната средина, важноста на тимската работа со мотото „Team work, makes the dream work“, како и улогата на лидерството.

Активностите се во рамките на проектот YourJob II, подржан од Реновабис и Каритас Австрија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.