Кон главната содржина

Blog

Работилници по фотографија за барателите на азил 07 Ное

Работилници по фотографија за барателите на азил

Во регионалниот проект Ремап кој го имплементира Македoнски Каритас, главниот фокус е ставен врз интеграцијата на барателите на азил кои престојуваат во нашата земја. Во текот на месеците октомври и ноември 2022 започнавме со реализација на работилници по фотографија. Работилниците ги спроведува професионален фотограф и тие имаат едуктивен карактер, запознавање со професијата фотограф, стекнување на основни фотографски техники и вештини, потикнување креативност, уметничко изразување и практична примена при теренско фотографирање на различи локации низ Скопје, дигитална обработка на фотографија.

По завршувањето на работилниците планирано е организирање на заедничка изложба со авторските фотографии од барателите на азил.