Blog

Работна посета на регионалниот програмски менаџер на Каритас Австрија 17 Апр

Работна посета на регионалниот програмски менаџер на Каритас Австрија

Од 15 до 17 април 2024 година, во работна посета  на Македонски Каритас, престојуваше регионалниот програмски менаџер за Западен Балкан на Каритас Австрија, г-дин Тобиас Ноелке. Меѓу другото тој ја посети посети канцеларијата на YourJob во Струмица и се информираше од координаторот Спасе Спасов, како и од кариерните советници Верица Ангеловска и Александар Младеновски, за текот и напредокот на проектните активности.

За време на посетата г-дин Ноелке оствари средба и со тимот на Македонски Каритас, задолжен за проектот Take care II, при што беше детално информиран за тековните проектни активности.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.