Blog

Работни средби и посети со суб-грантистите во рамките на проектот CORDIAL 01 Сеп

Работни средби и посети со суб-грантистите во рамките на проектот CORDIAL

Во рамките на регионалниот проект CORDIAL –  Создавање регионални можности за подобрување на инклузијата на лицата со попреченост, тимот на Македонски Каритас реализираше работни средби и теренски посети со суб-грантираните организациите:

🔹 Здружение за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ – Скопје
🔹 Здружение за правата на децата и младите со посебни потреби „Ластовица“ – Гостивар
🔹 Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака Неготино“ – Неготино
🔹 Здружение за поддршка и третман на лица со нарушувања од аутистичниот спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ – Скопје

На работните средби се разговараше за тековната имплементација на проектите, реализацијата и следењето на планираните активности, постигнатиот напредок, предизвиците и потребите на организациите, како и за можностите за дополнителна поддршка и понатамошно планирање.

Изразуваме искрена благодарност до сите четири организации за нивната посветеност, ангажман и одговорност во реализацијата на проектите, како и за нивната континуирана работа и поддршка на лицата со попреченост и нивното активно учество во заедницата.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.