Раце кои пружаат надеж

 

Проектот “Раце кои пружаат надеж“ (Le mani che portano la speranza) првенствено се фокусира да им помогне на луѓето кои живеат во сиромаштија, старите, болните и осамените лица во пандемија со цел подобрување на нивната општа состојба, менталното здравје и благосостојба. Исто така, да се ​​подигне јавната свест за предизвиците со кои се соочуваат старите лица кои живеат во сиромаштија.

 

 

Во проектот се вклучени, 50 директни корисници на стари лица, болни и осамени лица над 60 години, кои живеат на подрачјето на Скопје и околината.

 

 

Проектните активности опфаќаат домашни посети на стари лица, помош при секојдневните активности во домот, утврдување на основните потреби, обезбедување психо-социјална поддршка, превенција од социјални ризици и поттикнување на активно стареење на лицата. Исто така, проектот обезбедува стручно советување, советодавна работа за полесно справување со тешката животна ситуација,  придружна социјална работа и помош при обезбедување документација, за остварување на права од областа на социјалната заштита и здравствената заштита како и социјализација и рекреација на постари и осамени луѓе.

 

 

Проектот обезбедува пакети храна, топол оброк за корисници кои се соочуваат со екстремна сиромаштија, хигиенски пакети и лекови за стари и болни лица кои се соочуваат со сиромаштија и живеат во супстандардни услови.

 

 

Проектот се имплементира од 2020 година, притоа сега е во трета година од реализација на активностите.