Вредности што нè вдахнуваат

Достоинство на човечката личност

Македонски Каритас верува во вроденото достоинство и еднаквост на секоја човечка единка и во светоста на човечки живот, од зачнување до природната смрт, бидејќи „еден човечки живот не може да биде посвет од друг, како што не постои човечки живот квалитативно позначаен од друг“ (Папата Франциск, Рим 2013).

 

Милост и сoчувство

Македонски Каритас е повикан да преземе акција за ублажување на мизеријата и на болката. Милоста е евангелска вредност, централна во пораката на Исус Христос, која ги инспирира тие што работат со Каритас, да работат со љубов и со сочувство кон ближниот.

 

 

Формирање на срцето

Македонски Каритас верува дека „…иако професионализмот е примарен, фундаментален услов, тој само по себе не е доволен. Ние работиме со овечки суштества, а на човечките суштества секогаш им треба нешто повеќе од технички соодветна грижа. Ним им треба човечност. Ним им е потребна срдечна грижа.

 

Еднакви можности и одговорности

Македонски Каритас е посветен да промовира еднакви права и одговорности за мажите и жените.

 

Преференцијална опција за сиромашните

Македонски Каритас се бори против дехуманизацијата на сиромаштијата што ги лишува луѓето од нивното достоинство и ги промовира правата на сиромашните и на ранливите луѓе.

 

Универзална дестинација на добрата на Земјата

Македонски Каритас ги осудува сите структури – економски, финансиски, социјални, политички и културни – што ги задушуваат и ја спречуваат позитивната социјална трансформација и правда.

 

Солидарност

Македонски Каритас е посветен на солидарноста меѓу сите луѓе, но особено со сиромашните луѓе, гледајќи го светот преку нивните очи и препознавајќи ја меѓузависноста на човечкото семејство. Солидарноста значи и упорна решеност и посветеност да се работи за општото добро.

 

Субсидијарност, братска соработка и заедништво

За Македонски Каритас се подразбира дека сите примаат и сите даваат. Во духот на братското заедништво, Македонски  Каритас работи заедно со членовите на меѓународната конфедерација на националните Каритас организации, почитувајќи го принципот на локална автономија и тежнеејќи кон ефикасност во реализацијата на нашата заедничка мисија.

 

Одговорен однос кон ресурсите

За Македонски Каритас, Земјата и сите нејзини ресурси му се доверени на целото човештво. Персоналот во Македонски Каритас тежнее да дејствува и да ги инспирира другите да дејствуваат на одговорен и одржлив начин кон животната средина за да може природата да се сочува за идните генерации.