Blog

Претставници од неколку бискуписки Каритаси од Германија, на студиската посета 30 Мај

Претставници од неколку бискуписки Каритаси од Германија, на студиската посета

Во периодот од 02 – 06 мај 2022, Македонски Каритас беше домаќин на претставници од неколку бискуписки Каритаси од Германија, на студиската посета реализирана преку проект на Еразмус+. Учесниците имаа можност детално да се запознаат со работата, проектните активности и програми што ги имплементира Македонски Каритас.
Најпрво беше организирана работна средба со персоналот во канцеларијата на Македонски Каритас во Скопје, каде што добредојде им посака директорот дон Паво Шекерија, по што беа посетени едукативниот центар во Шуто Оризари и ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во Визбегово. Гостите ги посетија и едукативниот центар на Македонски Каритас во Сарај во општина Босилово, Радио Марија Македонија, Центарот за лица со посебни потреби „Мајка Тереза“ во Гевгелија, а и транзитниот центар за бегалци/мигранти во Табановце на македонско-српската граница.
Претставниците од германските бискупски Каритаси присуствуваа и на промоцијата на монографијата „Историска посета на Светиот Отец – прво македонско добредојде за папата Франциск“, како и на Зборникот на трудови „Католичката црква во Македонија низ историјата“ во организација на Католичката црква во Македонија и Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.
Студиската посета беше одлична можност за размена на професионални искуства, знаења, и научени лекции, особено во областа на работа со мигранти/бегалци, поле во кое се исклучително ангажирани претставниците на бискуписките Каритаси од Германија. Средбата овозможи гостите сеопфатно да се запознаат со активностите на Македонски Каритас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.