Blog

Претставници на Македонски Каритас остварија средба со градоначалникот на општина Босилово 10 Јун

Претставници на Македонски Каритас остварија средба со градоначалникот на општина Босилово

На 09.06.2022 година, претставници на Македонски Каритас остварија средба со градоначалникот на општина Босилово, г-дин Ристо Манчев.

Средбата беше од информативен карактер со цел подетално запознавање на општината со тековните проектни и теренски активности, како и функционирањето на Едукативниот центар на Македонски Каритас во с. Сарај.

Градоначалникот, од страна на отец Илија Стојанов, локален координатор на проектот Елба, беше подетално запознаен за идните планови и перспективи на самиот проект Елба, а додека за функционирањето, работата и идните планови на Едукативниот центар на Македонски Каритас во с. Сарај зборуваше локалниот координатор на проектот, отец Ванчо Назов. Средбата заврши со размена на идеи за идна соработка помеѓу Македонски Каритас и општина Босилово.

Г-дин Ристо Манчев изрази благодарност за сè она што Македонски Каритас го прави за сиромашните и социјално загрозени семејства во општина Босилово, а воедно присутните изразија отвореност и спремност за продлабочување на соработката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.