На 16.06.2022 година во просториите на Министерствто за труд и социјална политика беше одржана работна средба, помеѓу претставници на Македонски Каритас, НВО Сонце – Тетово, НВО Љубезност – Скопје, со претставници на надлежното министерство.
Целта на средбата беше претставниците на МТСП подетално да се запознаат и да им се претстави проектот ГРИЖИ СЕ, активностите и целите. Главни активности во проектот се: обезбедување на психо-социјална поддршка, стручна советодавна работа во областа на социјалната заштита, асистенција при остварување на социјални трансфери, правна помош, здравствена грижа и асистенција на корисниците. Исто така, проектот опфаќа активности кои ги таргетираат бездомните лица и лицата од ризик од бездомиштво, при што за нив се обезбедува привремено домување. Во рамките на проектот функционира и едукативен центар на Фондација Македонски Каритас во општина Шуто Оризари, каде се обезбедува едукативни активности за деца кои потекнуваат од семејства во висок социјален ризик. Претставниците на МТСП покажаа особена заинтересираност за проектот, како и разгледување на можностите за продлабочување на понатамошната соработка, во контекст на унапредување на системот на социјална заштита.
Овој проект Македонски Каритас го реализира во партнерство со НВО Сонце – Тетово и НВО Љубезност – Скопје. Проектот е подржан од меѓународната програма на Сојузното министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија.