Blog

Обука за Социјална економија и развој 04 Јул

Обука за Социјална економија и развој

Изминатата недела во периодот од 27.06.2022 до 01.07.2022 претставници од тимот на Македонски Каритас учествуваа на обука за Социјална економија и развој, организирана од Каритас Косово, која се одржа во Призрен. Обуката имаше за цел запознавање со социјалните претпријатија, развивање на бизнис модел, маркетинг комуникација, планирање и финансирање на социјалните претпријатија и бизниси.
Дополнително, за време на обуката беше посетено на терен социјално претпријатије “Hand Made Furniture” кое е поддржано од Каритас Косово.
Обуката е дел од проектот “ELBA – Итни работи на Балканот”, кој се имплемнтира на регионално ниво.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.