На 13.07.2022 година во проштална посета на Македонски Каритас беше Н.Е. Ласло Иштван Дукс, амбасадор на Унгарија во Македонија, заедно со своето семејство.
Во една срдечна и пријатна атмосфера, директорот на Македонски Каритас дон Паво Шекерија, упати искрена благодарност до амбасадорот, како и до неговата сопруга за нивниот ангажман во хуманитарните акции кои ги организираше Македонски Каритас и за нивната подршка на работата на Каритас во изминатите години, воедно посакувајќи им обилен Божји благослов на нивниот понатамошен животен пат.