Во петок, 19.08.2022 година, Едукативниот Центар на Македонски Каритас во Шуто Оризари го посетија група млади од Италија од орагинизацијата „Rete Progetto Pace“. Истите имаат балканска тура со цел интеркултурна размена, споделување на искуства и хуманитарна помош. Групата млади ги пречека директорот на Македонски Каритас, дон Паво Шекерија, заедно со тимот, кои ги запознаа со работата и активностите на Македонски Каритас, со посебен фокус на Едукативниот Центар во Шуто Оризари. Во знак на благодарност гостите донираа школски прибор за децата и облека. Средбата беше почеток на понатамошна меѓусебна соработка во иднина.