На 05.09.2022 година, на празникот на света Мајка Тереза, која е и заштитничка на Македонски Каритас, за време на Светата Литургија во скопската катедрала „Пресвето Срце Исусово“, о. д-р Зоран И. Стојанов, протојереј ставрофор, беше воведен во служба, како нов директор на Македонски Каритас, на местото на досегашниот директор дон Паво Шекерија.
Отец Зоран И. Стојанов, измолувајќи го Символот на верата, вети дека верно ќе ја извршува доверената служба.
Тимот на Македонски Каритас, на чело со Претседателот Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, му благодари на дон Паво Шекерија, за неговиот досегашен несебичен ангажман, како директор на Македонски Каритас и му посакува обилен Божји благослов во неговата нова служба во матичната надбискупија, а на новоименуваниот директор му посакува топло добредојте и Божји благослов за успешна работа во исполнувањето на мисијата на Македонски Каритас.