Тимот на Македонски Каритас во соработка со Црвен Крст на град Скопје во текот на август и септември 2022 година обезбедува храна и хигиена за помош и поддршка на бегалците од Украина. Од почетокот на кризата, од март 2022 над 7 милиони бегалци ја напуштија Украина како резултат на воените немири.
Во Македонија има 4.000 украински бегалци од кои 350 се регистирани дека побарале помош и поддршка. Македонски Каритас продолжува и понатаму да обезбедува хуманитарна помош за бегалците. Активностите се реализираат преку регионалиот проект РеМап.