Македонски Каритас од јули 2022 започна со имплементација на проeктот “Советувалиште за повратници”. Проектот се фокусира на повратниците во Македонија и нивните семејства кои патувале со нив, а кои ја изгубиле или наскоро ќе ја изгубат основата за легален престој во Германија. Целта е повратниците да се реинтегрираат во локалната средина на живеење.
Советувалиштето работи секој ден до понеделник до петок, лоцирано е во канцелариите на Македонски Каритас, ул. Петар Попарсов бр.43 Центар и ул. Хаџи Јован Шишков бб. Шуто Оризари. За услугите и активностите кои ги обезбедува советувалиштето за повратници, погледнете го насиот постер.