Blog

Студиска посета во Австрија во рамките на проектот Грижи се 16 Сеп

Студиска посета во Австрија во рамките на проектот Грижи се

Во периодот од 12-15 септември 2022 година, во рамките на проектот „Грижи се“, се одржа студиска посета во Австрија на која учество зедоа претставници на Македонски Каритас, НВО Сонце – Тетово, НВО Љубезност – Скопје, како и претставници на Министерството за труд и социјална политика и Заводот за социјални дејности.

Целта на посетата беше запознавање со системот и структурата на социјална заштита на Австрија, запознавање со работата на разни институции, државни и други организации, како и размена на искуства и знаења. Особен акцент беше ставен на запознавање со примери на добра пракса на полето на работа со бездомници директно на терен. Покрај предавањата беа организирани и посети каде на лице место можеше да се види широкиот спектар на активности кои успешно ги спроведува Каритас Австрија.

Проектот Грижи се е регионален проект кој се спроведува во Западен балкан во четири земји и тоа во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија. Во Македонија проектот го имплементира Македонски Каритас во партнерство во НВО Сонце – Тетово и НВО Љубезност – Скопје. Главни активности во проектот се: обезбедување на психо-социјална поддршка, стручна советодавна работа во областа на социјалната заштита, асистенција при остварување на социјални трансфери, правна помош, здравствена грижа и асистенција на корисниците. Исто така, проектот опфаќа активности кои ги таргетираат бездомните лица и лицата од ризик од бездомништво, при што за нив се обезбедува привремено домување.

Проектот е подржан од меѓународната програма на Сојузното министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија и Каритас Австрија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.