Од 26 до 27 септември 2022 година, претставници на Каритас Австрија, г-дин Тобиас Ноелке и на Каритас Кернтен (Австрија), г-ѓа Тереза Марија Захер, беа во работна посета на Македонски Каритас. Најпрвин беше остварена работна средба со директорот на Македонски Каритас, о. д-р Зоран Стојанов, којшто меѓу другото изрази искрена благодарност за оваа посета и за интересот, колегите од овие сестрински Каритас организации на терен и на лице место подетално да се запознаат со активностите, работата и организациската структура на Македонски Каритас. Освен благодарноста што ја искажа директорот на Македонски Каритас за досегашната одлична соработка со Каритас Австрија, во имплементацијата на заеднички проекти, тој воедно ја подвлече и спремноста за продлабочување на оваа соработка во имплементација на нови заеднички проекти.
Претставниците на Каритас Австрија и Каритас Кернтнен направија и теренски посети на корисници на Македонски Каритас, како и посета на двата Едукативни центри на Македонски Каритас во Шуто Оризари и во Сарај (општина Босилово), при што имаа можност одблиску и подетално да се запознаат со активностите кои се спроведуваат, со резултатите и предизвиците со кои се соочува Македонски Каритас.