Blog

Oстварена средба со директорот на ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово 10 Окт

Oстварена средба со директорот на ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово

На 10.10.2022 година, тимот на Едукативниот Центар на Македонски Каритас во с. Сарај (општина Босилово), на чело со координаторот о. Ванчо Назов, оствари средба со г-дин Стево Божинов, директор на ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово. Во срдечна и пријатна атмосфера, беа споделени и разменети искуства поврзани со образованието и едукацијата на учениците кои го посетуваат Едукативниот центар на Македонски Каритас во с. Сарај, а се ученици на подрачното училиште во с. Сарај. Исто така на директорот на училиштето му беше претставен и Едукативниот проект, во чии рамки се спроведуваат едукативни активности. Заклучокот од средбата е зацврстување и продлабочување на веќе постоечката успешна соработка помеѓу Училиштето и Центарот која е од суштинско значење за добробитта на оние на кои сме им најпотребни, а тоа се учениците и нивните семејства.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.