Од 29 до 31 октомври 2022 година претставници на Италијански Каритас беа во работна посета на Македонски Каритас. Беше остварена средба и со Претседателот на Македонски Каритас, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, по што следеше средба со директорот на Македонски Каритас, о. д-р Зоран Стојанов во просториите на Македонски Каритас. На средбата стана збор за тековните проектни активности, организацискиот развој, како и за идните планирани активности на Македонски Каритас. Од двете страни беше нагласена одличната и плодна соработка во изминатите години и спремност таа соработка да продолжи и да биде продлабочена во иднина.
Во рамките на оваа посета, беа направени и теренски посети на некои од проектните активности на Македонски Каритас, како би можело на лице место да се видат придонесот и резултатите, но и предизвиците со кои се соочува Македонски Каритас во исполнувањето на својата мисија.