На 11 декември 2022 година се одржа традиционалниот Божиќен саем во организација на Македонски Каритас и скопската парохија Пресвето Срце Исусово.
Божиќниот саем, кој е од хуманитарен карактер, беше подржан од амбасади, компании, здруженија, поединци и верници. Саемот понуди можност да се вкусат разни специјалитети, да се купат традиционални божиќни колачи и пригодни подароци за претстојните божиќни и новогодишни празници.
Целиот приход е наменет за сиромашни луѓе и семејства, кои живеат на работ од општеството и се корисници на помошта од Каритас.
Искрена и голема благодарност до сите донатори и до сите оние кои на било кој начин го дадоа својот придонес во реализацијата на Божиќниот саем 2022.