Blog

Организиран тренинг за социјално претприемништво 17 Дек

Организиран тренинг за социјално претприемништво

На 16 декември 2022 година во просториите на парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица, Македонски Каритас организираше тренинг за свештениците на Струмичко – скопската епархија и Скопска бискупија, поврзано со социјалното претприемништво, а во рамките на проектот Елба.

На почетокот присутните ги поздрави о. Илија Стојанов, по што следеше и обраќање на о. д-р Зоран Стојанов, директор на Македонски Каритас.

Тренингот го водеше г-дин Дејан Стојановиќ, основач и извршен директор на Здружението на граѓани за социјален и економски развој Ин Виво. На тренингот стана збор за социјалното претприемништво, негови основни карактеристики, актуелни состојби, а воедно беа претставени и примери на добри пракси. Вториот дел на тренингот ја опфати проектната структура, содржината на проектната апликација, корисни совети, како и плодна дискусија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.