Blog

Потпишан Меморандум за соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје 27 Јан

Потпишан Меморандум за соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје

На 26 јануари 2023 година во просториите на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу истоимената институција од една страна и Македонски Каритас, АДРР Сонце и ЗГ Љубезност од друга страна. Овој Меморандум беше потпишан во рамките на проектот Грижи се, кој е подржан од страна на Сојузното Министерство на Република Австрија за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачите и Каритас Австрија.

Присутните го изразија своето задоволство од потпишувањето на овој Меморандум за соработка, а воедно и спремноста за продлабочување на соработката, во интерес на крајните корисници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.