Blog

Бискупот Стојанов преку Македонски Каритас повика на солидарност со Турција и Сирија 08 Фев

Бискупот Стојанов преку Македонски Каритас повика на солидарност со Турција и Сирија

На 7 февруари 2023 година, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Претседател на Македонски Каритас, повика на солидарност со настраданите во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Турција и Сирија, во кој загинаа илјадници луѓе и беше предизвикана голема материјална штета.

Бискупот Стојанов ги повикува парохиите, монашките заедници, сите граѓани и компании да се вклучат во оваа акција, како би ја изразиле нашата солидарност, конкретна помош и заедништво со луѓето погодени од оваа тешка ситуација.

Паричните прилози можат да се уплатат на следната денарска сметка:

Фондација Македонски Каритас Скопје

Жиро сметка: 300000004360186, Комерцијална банка АД Скопје,

Со назнака: Донација за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.

Собраните парични средства ќе бидат проследени на Каритас Интернационалис за ублажување на последиците од земјотресот и помош на настраданите во Турција и Сирија.

Бискупот Стојанов исто така повикува и на молитва, посебно за загинатите, повредените, исчезнатите, погодените, како и за луѓето кои работат на терен за спасување и помош на населението.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.