Кон главната содржина

Blog

Потпишан Меморандум за соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово 08 Фев

Потпишан Меморандум за соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово

На 8 февруари 2023 година во просториите на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу оваа институција од една страна и Македонски Каритас, АДРР Сонце и ЗГ Љубезност од друга страна, како имплементатори на проектот Грижи се, во чии рамки и се потпишува овој Меморандум за соработка.

На средбата беа истакнати активностите кои овие организации заеднички ги имплементираат, а воедно беше истакнато и задоволството од потпишувањето на овој Мемерандум, што води кон едно продлабочување на соработката, во интерес на крајните корисници.

Проектот Грижи се е подржан од страна на Сојузното Министерство на Република Австрија за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачите и Каритас Австрија.