Blog

Одбележан Светскиот ден на болни 15 Фев

Одбележан Светскиот ден на болни

На 11 февруари 2023 година, во организација на парохијата Пресвето Срце Исусово во Скопје и Македонски Каритас, во Пасторалниот центар се одбeлежa Cветскиот ден на болните лица.
И покрај ладното време, се собра една убава група на верници, на заедничка молитва, света литургија и дружење.
Парохискиот свештеник, патер Винко Маслаќ ги поздрави присутните и во краток наговор ја раскажа средбата на света Бернардета со Пресвета Богородица во Лурд, после кое следуваше света бројаница.
Сите со радост зедоа учество и се молеа, а во меѓувреме имаше прилика за света исповед.
Главен и централен настан од средбата беше обилежен со света литургија во капелата св. Ана, каде што сите присутни примија болесничко помазание и света причест.
Средбата заврши со заедничко агапе, дружење и меѓусебен разговор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.