Од 21 до 22 февруари 2023 година, во работна посета на Македонски Каритас беше г-ѓа Тереза Марија Захер, претставничка на Каритас Кернтен (Австрија). Беа спроведени теренски посети на семејства корисници на услугите на Каритас, посета на Едукативните центри на Македонски Каритас во Шуто Оризари и во Сарај (општина Босилово), како и посета на Центарот Мајка Тереза – Гевгелија. Воедно беше остварена и средба со директорот на Македонски Каритас о. Зоран И. Стојанов, при што меѓу другото стана збор и за планираната идна соработка помеѓу овие две сестрински Каритас организации.