Blog

Работилница за Прва помош 24 Фев

Работилница за Прва помош

На 23 февруари 2023 година, во просториите на Едуктивниот центар на Македонски Каритас во Шуто Оризари се реализираше работилница за родители на тема: “Прва помош на деца – во ситуации на исекотини, крварење, лесни повреди, висока температура, течење на крв од нос”. Родителите имаа можност да се стекнат со конкретни практични информации, превентивни совети и насоки за постапувања во случај на итни ситуации со цел заштита на здравјето. Работилницата беше интерактивна, со отворени прашања, дискусија и споделување од страна на родителите кои покажаа голема заинтересираност за темата. Работилницата беше реализирирана во соработка со парамедик со долгогодишно искуство во областа на прва помош.

Активностите се во рамките на проектот ГРИЖИ СЕ поддржан од Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија и Каритас Австрија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.