Blog

Едукативна екскурзија 16 Мар

Едукативна екскурзија

На 15 март 2023 година децата кои го посетуваат Едукативниот Центар на Македонски Каритас во Сарај (општина Босилово) имаа едукативна посета на НУЦК „Антон Панов“ Струмица, како и на Катедралната црква “Успение на Пресвета Богородица” – Струмица.

Во културниот центар „Антон Панов“ децата заедно со нивните одговорни беа пречекани од страна на директорот г-н Дејан Јанев. Потоа следеше детално запознавање на децата со работата на Центарот „Антон Панов“.

Вториот дел од едукативната посета на Струмица се реализираше во Католичката катедрална црква „Успение на Пресвета Богородица“. Таму децата беа пречекани од страна на парохот отец Спасо Ристов. Тој ги запозна децата со историјатот на оваа црква, како и за самото значење што оваа црква го има како “Катедрална” за Католичката црква во Македонија.

 

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.