На 23 март 2023 во просториите на ООУ “Браќа Рамиз Хамид” – Шуто Оризари од страна на Македонски Каритас беше одржана вокациска работилница на тема од областа на кулинарски вештини – подготовка на пица, од страна на професионален пица мајстор. Работилницата беше наменета за ученици од IX одделeние, кои дел од присутните ученици планираат да го продолжат своето образование и професија како идни пица мајстори. За време на активноста учениците имаа можност да се запознаат со целокупниот процес на подготовка на пица, потребни намирници и видови на пици. Исто така, разговаравме и за важноста на образованието, потребните вештини за пица мајстор, желбата за работа како и потенцијалните можностите за вработување како пица мајстор.
Активностите се во рамките на проектот ГРИЖИ СЕ – поддржан од Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија и Каритас Австрија.