Blog

Настан за подигнување на јавната свест за подршка на ранливите категории 31 Мар

Настан за подигнување на јавната свест за подршка на ранливите категории

На 31 март 2023 година во периодот од 10:00 – 12:00 часот, пред НУ Спомен куќа на Мајка Тереза во Скопје, се одржа настан како дел од јавна кампања со слоган “ГРИЖИ СЕ” со цел да се подигне свеста и да се сензибилизира јавноста за помош и поддршка на најранливата категорија на граѓани.

Настанот го организираа Хуманитарно добротворна фондација МАКЕДОНСКИ КАРИТАС – Скопје, Асоцијација за Демократски развој на Ромите СОНЦЕ – Тетово и Здружение на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци ЉУБЕЗНОСТ – Скопје, во рамки на проектот “ГРИЖИ СЕ” – подржан од Сојузното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија и Каритас Австрија.

Проектот овозможува интегрирана помош и поддршка на најранливите категории граѓани, на територијата на Град Скопје, Тетово и Гостивар.

За време на настанот беа поделени промотивни материјали со порака за потребата сите да се грижиме за најранливите. Исто така, пошироката јавност можеше подетално да се инфомира во однос на активностите кои се преземаат со цел да се помогне на луѓето кои се изложени на зголемен ризик од сиромаштија и социјална исклученост. Настанот го проследија националните телевизии, како и претставници на институции, граѓански организации и поддржувачи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.