Blog

Работилница за вокациски вештини – дизајн, кроење и шиење на облека 18 Апр

Работилница за вокациски вештини – дизајн, кроење и шиење на облека

На 18 април 2023 година во ООУ Браќа Рамиз-Хамид во Шуто Оризари се одржа работилница за дизајн, кроење и шиење облека, во рамките од работилниците за вокациски вештини и кариерна ориентација наменета за тинејџери и млади. Работилницата ја водеше инженер по конфекциско работење г-ѓа Зора Г. Ѓорчиновска, која има долгогодишно исксутво во областа на работа со текстил, дизајн, креирање и шиење на облека во конфекција, која извезува алишта за европските пазари.

Преку неформален и интерактивен пристап учениците од IX одделение имаа можност да се запознаат со професија која има можности за креативно изразување, развивање на чувство за естетика, комбинирање на различни материјали при изработка на финалниот продукт и дизајнирање на облеката. Работилницата поттикна дискусија и интерес кај учесниците.

Активностите се во рамките на проектот ГРИЖИ СЕ – поддржан од Сојузното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија и Каритас Австрија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.