На 25 април 2023 година во Едукативниот центар на Македонски Каритас во Шуто Оризари, се одржа работилница за родители на тема “Rаботна интеграција, можности за вработување, пребарување на активни огласи, изработка на cv и мотивационо писмо”. За време на работилницата, учесниците имаа можност практично да се запознаат со подготовка на интервју, најчесто поставувани прашања за време на интервју за работа, предизвици и справување со истите, интернет страни за барање работа и можности за вработување. Работилницата беше интерактивна, при што на крајот од работилницата се спроведе и симулација на интервју, работодавач – вработен, каде се поминаа сите насоки и техники за успешно водење на процесот на интервјуирање.
Активностите се во рамките на проектот ГРИЖИ СЕ – поддржан од Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија и Каритас Австрија.