На 26 и 27 април 2023 година, во просториите на Едукативниот Центар на Македонски Каритас – Сарај (Босилово), се одржаа серија на работилници за родителите чии деца го посетуваат Едукативниот Центар, на тема: „Планирање на семеен буџет“, кои ги водеше дипломираниот економист м-р Ѓорги Милушев.
Целта на работилниците беше преку стручни и практични совети, како и преку плодни дискусии, родителите да се стекнат со вештини, како најдобро да го планираат својот семеен буџет и како да располагаат со своите финансии.