Директорот на Македонски Каритас о. Зоран И. Стојанов, учествуваше на Регионалната конференција на Каритас Европа, што се одржа на 10 мај 2023 година во Рим, пред почетокот на Генералното собрание на Каритас Интернационалис.
На овогодинешната Регионална конференција, г-ѓа Мариа Ниман, Генерален секретар на Каритас Европа е повторно избрана на оваа функција. „Она што го носам цврсто во моето срце е како Каритас стои со луѓето во најтешките и најмаргинализирани ситуации, неуморно работејќи за социјална правда, секогаш ставајќи го човечкото достоинство во центарот“, истакна г-ѓа Ниман.
Како Претседател на Каритас Европа, исто така повторно е избран мсгр. Михаел Ландау, кој меѓу другото рече: „чест ми е да го посветам мојот втор мандат во подршка на оваа уникатна хуманитарна мрежа, продолжувајќи ја борбата против сиромаштијата, поттикнување на глобалната правда и стоејќи со оние во најранливи ситуации“.
Каритас Европа ја сочинуваат 49 национални Каритас организации кои делуваат во 46 земји.