На 12 мај 2023 година, тимот на Едукативниот Центар на Македонски Каритас во с. Сарај (општина Босилово), на чело со координаторот о. Ванчо Назов, оствари средба со г-дин Ванчо Манолев, директор на ООУ „Герас Цунев“ – Просениково. Во срдечна и пријатна атмосфера, беа споделени и разменети искуства поврзани со образованието и едукацијата на учениците кои го посетуваат Едукативниот центар на Македонски Каритас во с. Сарај, а се ученици во училиштето во с. Просениково. Исто така, на директорот на училиштето му беше претставен и Едукативниот проект, во чии рамки се спроведуваат едукативни активности. На средбата беше истакната желбата за зацврстување и продлабочување на соработката помеѓу училиштето и центарот. Соработка која е од суштинско значење за доброто на оние на кои сме им најпотребни, а тоа се учениците и нивните семејства.