Насловена „Време за Каритас“ од 1 до 3 јуни 2023 година, во Охрид, се одржа обука за персоналот и соработниците на Македонски Каритас. Обуката беше интерактивна со поттикнување дискусија, споделување мислења, ставови, помеѓу вработените со цел унапредуавње на работата и мисијата на Македонски Каритас. Тимот исто така, имаше можност заеднички да дискутира за проектните активности, теренската работа и директната помош на најранливите и најсиромашните лица во потреба, поврзуваќи го со професионалниот и духовниот аспект.
Дополнително, тимот на Македонски Каритас посвети време за заедничка социјализација, посетувајќи ги Македонски Брод, пештерата Пешна, Охрид и Вeвчани.