На 19.06.2023 година, директорот на Македонски Каритас о. Зоран И. Стојанов и координаторот Спасе Спасов, остварија средба со г-ѓа Магда Качмарек и г-дин Тобиас Хоепел, претставници на Kirche in Not, Германија.
Во една пријатна и срдечна атмосфера, претставниците на Kirche in Not, од страна на директорот и координаторот, беа запознаени со мисијата и делувањето на Македонски Каритас, со тековните проектни активности кои се спроведуваат, како и со планираните идни проектни активности на Македонски Каритас – хуманитарна организација на Католичката црква во Македонија.