Blog

Бискупот Стојанов се сретна со директорот на ЈУ Прифатен центар за баратели на азил Визбегово 04 Јул

Бискупот Стојанов се сретна со директорот на ЈУ Прифатен центар за баратели на азил Визбегово

На 4 јули 2023 година во бискупската резиденција во Скопје, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко скопски епарх и Претседател на Македонски Каритас, оствари средба со г-дин Владимир Бислимовски, директор на ЈУ Прифатен центар за баратели на азил Визбегово. На средбата присуствуваа и директорот на Македонски Каритас о. Зоран И. Стојанов, координаторот Спасе Спасов и проектниот координатор Томислав Микулец.

Бискупот Стојанов ја искажа својата благодарност за плодната соработка помеѓу овие две институции. Од своја страна директорот Бислимовски во името на ЈУ Прифатен центар за баратели на азил – Визбегово искажа голема благодарност до бискупот Стојанов и до директорот за одличната соработка, како и задоволството од досегашниот ангажман на Македонски Каритас  за она што го прави за барателите на азил.

На средбата освен за тековните активности кои Македонски Каритас ги спроведува во Прифатниот центар за баратели на азил Визбегово, стана збор и за можни идни заеднички активности кои би се спроведувале.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.