Blog

Унапредување на Каритас преку Солидарност 14 Јул

Унапредување на Каритас преку Солидарност

Во рамките на програмата Унапредување на Каритас преку Солидарност (ACTS), Македонски Каритас веќе подолго време во тековната 2023 година делува на воспоставување директна соработка со сите чинители кои се составен дел од Каритас делувањето.

Се одржуваат редовни работни состаноци со Претседателот на Македонски Карита монс. д-р Киро Стојанов, струмичко-скопски епископ и скопски бискуп. Со членовите на Управниот одбор, со Координаторите на Парохиските каритаси, со волонтерите и редовни интерни состаноци на раководството со членовите на Македонски Каритас. Остварени се неколку средби со државни институции кои се во доменот на каритативното и социјално работење.

Во тој правец е и активната соработка со Националните Каритаси од регионот.

Во настојувањето на што поголема транспарентност и ефикасност во делувањето на Каритас се и одржувањето на неколку семинари на различни теми.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.