Blog

Генералниот директор на Реновабис во работна посета на Македонски Каритас 22 Јул

Генералниот директор на Реновабис во работна посета на Македонски Каритас

Од 20 до 23 јули 2023 година во посета на Католичката црква во Македонија престојуваат Генералниот директор на Реновабис отец проф. д-р Томас Шварц и раководителот на одделот за проекти г-дин Мартин Ленц. Во рамките на посетата остварија средба со директорот на Македонски Каритас отец д-р Зоран И. Стојанов и координаторот Спасе Спасов. Од страна на директорот и координарот високите гости од Реновабис одблиску беа запознати со мисијата, делувањето, постигнатите резултати и предизвиците со кои што Македонски Каритас се соочува. Директорот на Каритас отец Зоран искажа особена благодарност до Реновабис за одличната соработка. Се разговараше и за идните планирани проекти и проектни активности на Македонски Каритас.

Во рамките на посетата на Македонски Каритас, со високите гости од Германија беа направени и теренски посети на активности кои ги реализира Каритас. Беше посетен Едукативниот центар во Сарај, општина Босилово, при што на гостите детално им беше претставено делувањето на овој центар. Беше остварена средба со Градоначалникот на општина Босилово, г-дин Ристо Манчев, на која се зборуваше за проектите кои Македонски Каритас ги реализира на територијата на општината. Посетен беше Центарот за лица со попречености – Мајка Тереза во Гевгелија и одблиску им беше презентирана работата на овој Центар. Беа посетени парохијата св. Пророк Илија Радово, Катедралната црква Успение на Пресвета Богородица Струмица, парохијата Раѓање на св. Иван Крстител, Радио Марија Македонија и манастирот на Сестрите Евхаристинки во Гевгелија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.