Со благослов на Н.В.П. монс. д-р. Киро Стојанов, традиционално секој почеток на месец септември во Скопје и други населени места, во организација на Католичката црква се одржуваат „Денови на Света Мајка Тереза“ преку активности на Македонски Каритас, посетувајќи ги луѓето во најголема потреба со делење храна, лекови, хигиенски пакети и пријателски разговор, акцентирајќи ја солидарноста, добрината и љубовта која ја пружала Мајка Тереза кон сиромашните и најзагрозените лица.